If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | РАДОВИШ ГО ПРАЗНУВА СВОЈОТ ПАТРОН, ЗАШТИТНИК И МОЛИТЕЛ ПРЕД БОГА “СВ. СПАСО РАДОВИШКИ”
8991
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-8991,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

РАДОВИШ ГО ПРАЗНУВА СВОЈОТ ПАТРОН, ЗАШТИТНИК И МОЛИТЕЛ ПРЕД БОГА “СВ. СПАСО РАДОВИШКИ”

Дата

August 21, 2014

Категорија

Вести, Култура

Градот Радовиш и граѓаните денес на достојно ниво го празнуваа својот патрон, заштитник и молител пред бога Св. Спасо Радовишки. Овогодишното чествување и празнување е под покровителство на општина Радовиш и Градоначалникот Сашко Николов, а во организација на o.Радовиш, ЦК “Ацо Караманов“ и Здружението “Св. Спасо Радовишки“.

 

Житието за Св. Спасо Радовишки сведочи дека е роден во Радовиш во семејство на благородни родители кои што го воспитувале во христијански дух. Иако добивал ветувања за висока служба и му било нудено големо богатство за да си ја смени верата сепак Спасо Радовишки бил ревносен, по што бил затворен и мачен.

 

Но и покрај таквите невидени мачења останал верен на својот Бог Исус Христос, изјавувајќи дека земните задоволства  при нечиста совест се лоши задоволства – „Јас си ја сакам својата христијанска вера и не сакам да ја менувам”, исцрпен од мачењето паднал и ја предал својата душа во рацете на својот Спасител.

 

На утринската литургија која се одржа во Храмот Св. Троица, а со која чиноначалствуваа Владиката Брегалнички г. Иларион и Владиката Тетовско-Гостиварски г. Јосиф имаше огромен број на граѓани, на истата присуствуваа: Градоначалникот Сашко Николов, Претседателот на Советот Никола Миовски, и Пратеничката Нада Ципушева како и голем број на гости.

После завршувањето на утринската Богослужба за сите верници се одржа ручек во манастирскиот комплекс Св. Георѓи во Ораовица.

 

Чествувањето на патронот и заштитникот на градот Радовиш Св. Спасо Радовишки започна со “Вечерна богослужба“, по завршувањето на истата се одржаа “Литија“ со иконата на Св. Спасо Радовишки од Храмот Св. Троица до Параклисот посветен на Св. Спасо Радовишки на плоштадот во Радовиш. Свечената прослава продолжи во Храмот Св. Троица  каде што беше одржана ”Духовна академија” а за прекрасната програма се погрижија Хорот Св. Спасо Радовишки од Радовиш, Хармосини од Скопје и гостите од Софија, Бугарија – хорот Св. Роман Слаткопевец.

 

Во склоп на овогодишното чествување на празникот Св. Спасо Радовишки посетителите имаа можност да ја погледнат и Изложбата ”425 години од Руската патријаршија” – изложба на слики и историски моменти на ”Руската православна црква”.

 

Свечената прослава завршува утре со Голем концерт на Македонската музичка ѕвезда ”Калиопи” кој ќе се одржи на Плоштадот Св. Спасо Радовишки со почеток од 21.00 часот.