МОДЕРНО УРЕДЕН РАДОВИШ НАША СЕКОЈДНЕВНА ПРЕОКУПАЦИЈА
Дата
October 02, 2014
Категорија
Вести, Тековни ПроектиГраѓаните на општина Радовиш деновиве се сведоци на забрзано реконструирање и уредување со бекатон плочки на повеќе тротоари во градот и општината.
Повеќе од 3500м2 современи бекатон плочки ќе бидат наместени на улиците Илија Алексов,свети Спасо Радовишки, 22 ри Октомври во населба Раклиш и други населени места.
Градоначалникот Николов во текот на вчерашниот ден беше во обиколка на локациите каде се изведуваат градежните работи и самиот лично се увери во динамиката и квалитетот на работата.