ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Категорија
ИзвестувањеВрз основа на Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување за 2015 година, предвидени во Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2011-2015, Агенцијата за вработување на Република Македонија на 18.02.2015 година, објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
до невработените лица
- Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои активно бараат работа и своето вработување сакаат да го решат со финансиска поддршка преку Програмата за самовработување, да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на АВРМ каде редовно се евидентираат како невработени лица.
- Се охрабруваат младите невработени лица кои активно бараат работа своето вработување да го решат со финансиска поддршка преку Програмата за самовработување.