If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ОПШТИНА РАДОВИШ СО ГОЛЕМИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО
9032
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-9032,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ОПШТИНА РАДОВИШ СО ГОЛЕМИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

Дата

August 26, 2014

Категорија

Вести, Реализирани Проекти

Градоначалникот Сашко Николов денес беше во посета на образовните институции во општина Радовиш, каде што имаше средба со директорите и вработените од овие училишта, а беше запознаен со активностите, реконструкциите и реализираните проекти кои беа превземени во текот на летниот распуст.

Од страна на директорите на овие училишта на Градоначалникот Сашко Николов му беа презентирани сите реализирани проекти и зафати, како и планот и програмата за новата учебна година која стартува на 1 септември.

Градоначалникот Сашко Николов изрази големо задоволство што веќе работите околу започнатите активности, санациии, реконструкции се при крај и дека сите училишта се спремни за успешен старт на новата учебна година.

Тој истакна дека општина Радовиш како досега така и во наредниот период ќе инвестира во образованието и спортот, а со цел подобри услови во воспитно образовниот процес на учениците.

Со стартот на новата учебна година учениците од ООУ Крсте П. Мисирков својата настава по спорт ќе ја одржуваат во новоизградената спортска сала – инвстиција заедно со Министертвото за Образование во вредност од над 20 мил. ден., реконструирана е исто така спортската сала на ООУ Никола Карев инвестиција на општина Радовиш со 1 мил ден., рекунструирани и опремени се два нови кабинета во ООУ Коста Рацин во Подареш – средства обезбедени од општина Радовиш, а веќе треба да се започне со целосна реконструкција на фасадата и спортскиот терен во оваа училиште. Во СОУ Коста Сусинов веќе се завршува санацијата на дел од училишната зграда. Се реконстриураат спортските терени, а изградени се трибини на помошното фудбалско игралиште во ООУ Орце Николов во Ињево- инвестиција над 1.2 мил. ден., а исто така ќе имаме целосна реконструкција на спортските терени во подрачното училиште во Сулдурци – инвестиција над 800 000 ден, паралелно на тоа се заменува столаријата и уредува фасадата на централната зграда на ООУ Оце Николов во Ињево. Со изградбата на мултифункционалното игралиште во дворот на ООУ Никола Карев во соработка со Агенцијата за млади и спорт е направена инвестиција во вредност од над 7 мил. ден., игралиште кое ќе биде во функција и на учениците од оваа учлиште и сите граѓани од општина Радовиш. Направена е инвестиција со изградбата на мултифункционалното игралиште во дворот на СОУ Коста Сусинов со средства на општина Радовиш – инвестиција вредна над 10 мил. ден.
Општина Радовиш одвои голем дел од средствата за овие инвестиции, а секако и во соработката и подршката на Владата на Република Македонија како и ресорните министерства. – за Радовиш да има современи услови за одвивање на образовниот процес, спортот и рекреација на сите граѓани од општината – истакна Градоначалникот Сашко Николов.

фото