АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ПРОСВЕТНИТЕ РАБОТНИЦИ И СВЕТИТЕ БРАЌА КИРИЛ И МЕТОДИЈ
Дата
May 27, 2015
Категорија
ВестиПо повод денот на просветата и Светите браќа Kирил и Методиј, во Центарот за култура Ацо Караманов во Радовиш беше одржана свечена Академија со богата програмска содржина.
На почетокот беше одржана беседа за светите браќа Кирил и Методиј. Градоначалникот Сашко Николов во својот поздравен говор на сите просветни работници им го честиташе денот на просветата, а исто така од негова страна беа доделени признанија за најдобрите наставници и професори за 2014/15 година од основното, средното и предучилишното образование од општина Радовиш.
Во продложение на програмата беше одржан музички дел со хорот при СОУ “Коста Сусинов”, а исто така беше одржана и претставата “Деца на сонцето од распарчената земја” во режија на Томе Постолов.