АКЦИЈАТА ЗА САНИРАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ НА ПОЛСКИТЕ ПАТИШТА
Дата
June 05, 2015
Категорија
Вести, Тековни ПроектиВо тек е акција за санација и чистење на полските патишта.
Со отпочнување на сезоната на полјоделски работи, секоја година се јавува потребата од интервенции за подобрување на полската патна инфраструктура.
Оваа година според завршената тендерска постапка еден милион денари од буџетот на општина Радовиш ќе бидат употребени за ова цел.
Локалната фирма „Бино“ ДООЕЛ веќе од минатата недела ги започна сите потребни подготвителни активности за работа на терен кои започнаа од атарот на населеното место Раклиш, потоа во месноста викана Арангел во Радовиш, а во текот на наредните денови ќе се продолжи и во сите населени места во општината.
Праксата на чистење на полските патишта се покажа како добра од претходните години и секоја година ова активност е планирана во „Програмата за уредување на градежно земјиште“.