АПЕЛ
Дата
June 27, 2014
Категорија
ИзвестувањеОпштина Радовиш во изминатиот период успеа да создаде неколку прекрасни објекти за рекреација и дружење на најмладите, но овде не застануваме – во тек се проекти за изработка на уште вакви детски катчиња во градот Радовиш и населените места во општината.
Вас почитувани граѓани ве замолуваме и апелираме, чувајте ги детските катчиња и другите објекти кои се наменети за дружење, одмор и рекреација. Наместо за поправка на уништената урбана опрема и детските реквизити, нека останат средствата за ново катче за игра и одмор, за нов парк.
Да не го уништуваме веќе направеното! Тие се купени со пари на граѓаните, и им припаѓат на граѓаните. Колку подобро ги чуваме толку подолго ќе ги имаме.
Сашко Николов – Градоначалник на општина Радовиш