АПЕЛ ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ НА ОТВОРЕН ПРОСТОР
Дата
April 16, 2021
Категорија
Вести, Известување, СоопштенијаАПЕЛ ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ НА ОТВОРЕН ПРОСТОР
Територијата на нашата држава во текот на летниот период се соочува со зачестеност на полски и шумски пожари кои се помогнати од покачувањето на темпратурите и сушниот период, а човечкиот фактор е посочен како причинител на истите, кои освен што ја загрозуваат животната средина, се закануваат и по животот на граѓаните.
Од тие причини Општина Радовиш упатува предупредување и апел до сите лица кои работат или се движат на отворен простор, особено на земјоделците кои интензивно се подготвуваат за пролетната сеидба и се палат отпадоци и стрништа на нивите.
Доколку се затекнати лица кои палат оган на отворен простор, односно предизвикуваат пожари поради палење на стрништа, истите ќе подлежат на високи законски санкции.
Пожарот може да се пријави на:
192 – Полиција,
193 – ТППЕ (Територијална противпожарна единица),
195 – РЦУК (Регионален центар за управување со кризи),
632-274 – РЦУК Радовиш,
635-397 – Пожарна Радовиш,
634-105 – МВР ПС Радовиш,
617-700 – Општина Радовиш.