АПЕЛ ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ НА ОТВОРЕН ПРОСТОР
Дата
March 29, 2022
Категорија
Вести, ИзвестувањеАпел за заштита од пожари на отворен простор
Територијата на нашата држава се соочува со зачестеност на полски и шумски
пожари кои се помогнати од зголемувањето на температурите и сушниот период, а човечкиот фактор е посочен како причинител на истите, кои освен што ја загрозуват животната средина се закануваат и по животот на граѓаните.
Општина Радовиш, упатува предупредување и апел до сите лица кои работат или се движат на отворен простор,особено на земјоделците кои интензивно се подготвуваат за пролетна сеидба и се палат отпадоци и стрништа на нивите:
- Да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места
- Да не се палат стрништа, земјоделски и други површини
- Да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал
- Да не се фрлат отпушоци од цигари и догорчиња.
Доколку се забележи пожар на отворен простор, граѓанска должност на секој граѓанин е најбрзо што може да го пријави во надлежните институции. Од брзината и точноста на информациите зависи и успехот на акцијата за гасење и контрола на пожарот.
Доколку се затекнати лица кои палат оган на отворен простор, односно предизвикуваат пожари поради палење на стрништа, истите ќе подлежат на високи законски санкции.
Во случај на пожар јавете се на следните телефони:
192- Полиција
193 –ТППЕ –Територијална противпожарна единица
195 -РЦУК –Регионален центар за управување со кризи
635-397 –ТППЕ Радовиш
634-105 – ОВР Радовиш
632-274 – РЦУК Радовиш
617-700 – Општина Радовиш