АСФАЛТИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД ПАТОТ НА ДЕЛНИЦАТА ПОДАРЕШ-СМИЉАНЦИ
Дата
July 02, 2014
Категорија
Реализирани ПроектиДенес присуствувавме на асфалтирањето на дел од патот на делницата с.Подареш кон с.Смиљанци, како дел од локалната патна инфраструктурна мрежа во општина Радовиш, а во реализација од програмата на Јавното претпријатие за државни патишта, како дел од грантот на Европската банка за обнова и развој.
Градоначалникот на општина Радовиш. г-дин Сашко Николов, денес оствари посета на трасата на локалниот пат кои во вчерашниот и денешниот ден се вршеше асфалтирање. Со овој проект се предвиде изградба на асфалтен пат на локално ниво со должина од 1км и 880м., а претходно беа комплетно завршени припремните работи – активностите на долниот строј на патот и одводнувањето и вградувањето на носивиот тампонски слој.
Благодарение на добрата соработка со ЈП за државни патишта во втората фаза од проектот за рехабилитација на патната мрежа во Р.М, на општина Радовиш и се доделени дополнителни финансиски средства со кои ќе се изврши продолжување на вкупната должина за уште 950м кон с.Смиљанци, а се очекува во најскоро време да започне изведбата и на овој дел од патот на делницата с.Подареш кон с.Смиљанци.