If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | АСФАЛТИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ КОН ПЛАЧКОВИЦА
14309
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-14309,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

АСФАЛТИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ КОН ПЛАЧКОВИЦА

Категорија

Вести, Тековни Проекти

Градоначалникот Герасим Конзулов денес беше во посета на Планината Плачковица каде што се одвиваат градежните работи околу реконструкцијата на регионалниот пат каде што денес се асфалтираше дел од трасата од 2,5 км. која е предвидена со овој проект за реконструкција и поставување на нов асфалтен слој.  

 

Денес и покрај дождот кој што врнеше интензивно се одвиваа работите на оваа делница, каде што претходно се работеше на санација и поставување на цевки за опфаќање на водите кој го оштетуваа асфалтот.

 

Регионалниот пат кон планината Плачковица започна да се реконструира на делот од т.н. место Шумска куќичка кон градот Радовиш во должина од 2,5 км, каде што е констатирано најголемо оштетување и претставуваше проблем за нормално движење на возилата.

 

Се надеваме дека во наредните години ќе успееме целосно да биде реконструиран овој регионален пат со поставување на нов асфалтен слој долж целата делница.

Овој проект за реконструкција е финансиски поддржан од Владата на Македонија, преку Агенцијата за државни патишта, а треба да се заврши до крајот на месец мај. – истакна Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов.