АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА ВО „КОРЧО МААЛО“ ВО РАДОВИШ
Дата
July 23, 2015
Категорија
Вести, Реализирани ПроектиГрадоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов ја посети локацијата на кои се изведуваат финалните асфалтерски работи за завршување на ул: бр. „4“ во Корчо Маало на потегот од „Шаин Маале“ кон улица „Калаузлиска“ каде се реши повеќедеценискиот проблем на граѓаните од овој дел на градот.
Општина Радовиш активно продолжува со реализација на капиталниот проект асфалтирање на улици во градот и населените места. Денеска и покрај високите температури, беше асфалтиран улицата во „Корчо Маало“, која беше споена со ул. „Калаузлиска“ и е дел од пакетот улици кои се реализираат во 2015 година – истакна Градоначалникот Николов.
Улицата е со должина од 271 метар, изведувач на работите е фирмата „Коле Транс“ од Штип, а надзор е фирмата „Евроконсалтинг“ од Скопје.
Вкупната инвестиција од буџетот на општина Радовиш изнесува: 1.429.021 денари.