БАСКЕР ФЕСТ ПО ВТОР ПАТ ВО РАДОВИШ
Дата
June 22, 2014
Категорија
Вести, КултураВечерва на Плоштадот Св. Спасо Радовишки имаа настап уметниците од караванот на Баскер фест 2014.
Радовишани,а пред се најмладите имаа можност да проследат настапи и атракции на голем број уметници од целиот свет – Чиле, Аргентина, Бразил, Кореја, Русија, Јапонија и др. Овде имаа свои точки жонглери, акробати, маѓионичари, артисти и многу други.
Пред преполниот плоштад од дечиња и своите родители во пет часовната програма караванот на Баскер фест 2014 го отвори овогодишното Радовишко културно лето, кое најавува богата културно-уметничка програма преку целиот летен период.