БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ЗА СИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ ОД ОПШТИНА РАДОВИШ
Дата
July 14, 2014
Категорија
Реализирани ПроектиГрадоначалникот Сашко Николов и Советот на општина Радовиш донесоа одлука за бесплатен превоз на пензионерите од општина Радовиш.
Со оваа одлука пензионерите од населените места низ општината секоја прва сабота од месецот ќе имат можност да користат бесплатен превоз до Радовиш, а сите пензионери од Радовиш ќе имаат можност секоја прва недела од месецот да искористат бесплатен превоз до планината Плачковица.
Со оваа наша одлука им излегуваме во пресрет на сите пензионери од општината, верувам дека кај пензионерите ќе наиде на големо задоволство и максимално ќе биде искористен овој бесплатен превоз – истакна Градоначалникот Сашко Николов.
Голема благодарност до Градоначалникот Сашко Николов, затоа што ветеното за краток период го исполнува, а со оваа одлука за бесплатен превоз Градоначалникот ја потврдува и проширува соработката и поддршката кој несебично ја дава на здружението и сите пензионери од општина Радовиш – истакна Јордан Костадинов, Претседател на Здружението на пензионерите.