БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ 2017
Дата
January 19, 2017
Категорија
Вести, КултураЧествувањето на големиот православен празник Богојавление-Водици 2017 во Радовиш започна со света божествена литургија во двата храма Св.„Пророк Илија“ и Св. „Троица“, од каде што после литургијата верниците во „Литија“ се упатија кон базенот Шампион.
Овде на базенот Шампион се изврши големиот водосвет, по кој ќе следуваше фрлањето на крстот.
Најсреќен оваа година кој успеа да го фати чесниот крст беше Ѓорги Божинов кој од пријавени кандидати беше најбрз и најсреќен, тој од овогодишниот кум доби подарок, а од страна на Градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов парична награда од 20.000 денари, исто така подароци му додели и Православната црква од Радовиш и Зегин. Градоначалникот Сашко Николов исто така финансиска награда им додели на сите момчиња кои успеаа да го фатат Светиот крст во сите населени места во општина Радовиш.
Кумството од овогодишната манифестација од страна на Крсте Ѓоргиев беше предадено на Бојан Митевски кој ќе биде кум за наредната година.