БОЖИЌНА ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САШКО НИКОЛОВ
Дата
January 06, 2015
Категорија
ВестиБожиќ … †
Празникот на љубовта и мирот, денот кога се слави Христовото раѓање, и можност на овој голем празник да се собере семејството, да се обноват старите традиции, а и да се потсетиме на вистинските вредности, да заборавиме на лошото и да научиме да простуваме и го отвориме срцето за другите.
Денес е Бадник, утре Божиќ – денови за мир во срцето и радост во душата.
ХРИСТОС СЕ РОДИ ! – НАВИСТИНА СЕ РОДИ !
Ви посакувам среќни и весели Божиќни празници †
Сашко Николов
Градоначалник на Општина Радовиш