ВИСОКА ТУРСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПОСЕТА НА РАДОВИШ
Дата
November 23, 2015
Категорија
ВестиВо посета на општина Радовиш во петокот беа претставници од парламентот на Република Турција, пратеничката Тулај Карнарџа со нејзини соработници и претставници од турско здружение кое работи во сферата на социјалата „Бела месечина“ Тие во текот на својата посета остварија средба со градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов и го запознаа за намерите за нива помош во делот на социјалната сфера односно помош на лицата со попреченост и инвалидитет.
Договорено на средбата е локални здруженија да ги посетат лицата кои имаа потреба од ваква помош и да утврдат кои се нивните потреби со цел помош и олеснување на нивното секојдневно функционирање.
Покрај посетата на такви семејства посетени се и селата Аликоч и Коџалија каде е остварена средба со локалното население и разговарано за нивните потреби и проблеми.
На овие средби пратеничката од Турција и нејзиниот тим покрај информациите поврзани со темата на посетата, добиле и информација за локалните економски можности на општината и можностите за инвестирање во истата.