If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | “ВОДА ЗА СИТЕ“ – ПРОЕКТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО СЛИВОТ НА РЕКА СТРУМИЦА
9541
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-9541,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

“ВОДА ЗА СИТЕ“ – ПРОЕКТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО СЛИВОТ НА РЕКА СТРУМИЦА

Дата

November 23, 2014

Категорија

Вести

 

На 20 и 21 Ноември 2014 година во просториите на градската библиотека  Браќа Миладиновци во Радовиш, се одржаа 2 работилници на која се дефинираа проблемите и се утврдија приоритети со мерки и активности за одржлив развој на сливот на Радовишка/Стара река (струмички слив), река Струмица.

 

Работилницата беше организирана од страна на УНДП и СДЦ а подржана од страна на општина Радовиш и градската библиотека Браќа Миладиновци.

 

На работилницата зедоа учество претставници од  месните заедници од општина Радовиш и претставници од граѓанскиот НВО сектор од локално ниво, претставници од  општина Радовиш и претставници од различни државни институции и агенции од локално ниво.

 

Екосистемот на река Радовишка/Стара река (струмички слив), река Струмица има витално значење за луѓето кои живееат во него. Со вкупна површина од 1.649 км/2 сливот опфаќа 7% од територијата на Македонија. Тој обезбедува вода за пиење и наводнување за 124.000 жители, како и живеалишта за огромен број на растенија и животни.

 

Партнери на проектот се Министерството за животна средина, општините Струмица, Василево, Ново Село, Босилово, Радовиш и Конче, како и Центарот за развој на југоисточен регион.