ВО ЗАВРШНА ФАЗА ИЗГРАДБАТА НА УЛИЦАТА ВО ЈАРГУЛИЦА
Дата
June 04, 2015
Категорија
Вести, Тековни ПроектиВо завршна фаза е изградбата на улица во село Јаргулица која е во должина од 1361 метри и ширина од 8 метри.
Веќе се поставени ивичњаците на тротоарот кои се со ширина од 1,5 м. Секој момент се очекува да започне асфалтирањето и финализирањето на овој важен проект за жителите на населеното место Јаргулица.
Подобрувањето, односно изградбата на локалната патна инфраструктура значи многу за развојот на секое населено место, како во однос на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во ова населено место така и во делот на развој на целата општина истакна Градоначалникот Сашко Николов..
Фирма изведувач на асфалтирањето на улицита е „Коле техника“ од Штип, а надзорен орган е фирмата „Еуро Конслатинг“, од Скопје. Вкупната сума за изградба на ова улица е 11.500.000 денари.