ВО ЗАВРШНА ФАЗА НОВОИЗГРАДЕНОТО УЧИЛИШТЕ ВО КАЛАУЗЛИЈА
Дата
October 25, 2018
Категорија
ВестиГрадоначалникот Герасим Конзулов заедно со претставниците на Турската меѓународна агенција за соработка и развој (ТИКА) и програмски координатор Ајтекин Ајден денес беа во посета и увид на работите на проектот за изградба на подрачното училиште во село Калаузлија кое е во склоп на при централното основно училиште Крсте П. Мисирков од Радовиш.
Изградбата на оваа училиште од страна на ТИКА е во склоп на нивниот проект „За подобрување на образовните услови во руралните области“, и е ново модерно училиште каде што има две училници и посебен саниратен дел, а исто така посебни простории за наставниците. Оваа училиште е енергетски ефикасно со централно греење.
При посетата Градоначалникот Конзулов искажа благодарност до координаторот Ајтекин Ајден и Меѓународната агенција за соработка и развој ТИКА за поддршката на овој проект, истакнувајки дека делот на партерното уредување и поставување на бекатон во дворното место и приклучување на водоводната и електричната мрежа ќе се реализира во наскор временски период, до почетокот на второто полугодие учениците ќе ја реализираат наставата во новото училиште.