ВО ЗЛЕОВО ОТВОРЕН НОВ ЦЕНТАР ЗА РАН ДЕТСКИ РАЗВОЈ
Дата
June 19, 2014
Категорија
Реализирани ПроектиБлагодарение на соработката помеѓу општина Радовиш, УНИЦЕФ и Фондацијата Т-Мобиле денес во село Злеово е отворен новиот центар за ран детски развој како дел од проектната иницијатива „Првите 5 се најважни на свет“. Децата на возраст од 3 до 5 години од сега ќе имаат можност да посетуваат секојдневна предучилишна програма.
Општина Радовиш ја продолжува подршката на вакви проекти кои се од посебно значење за најмладата популација.
До сега се отворени вакви центри во Радовиш, Подареш и Јаргулица во кои се опфатени околу 400 деца, а општина Радовиш со годишната програма предвидува финансиски средства за надоместок на едукаторите на децата.
Со отварањето на центарот за ран детски развој во село Злеово се создадени услови децата од овој крај да имаат еднакви можности за предучилниот развој како во современи урбани средини.