ВТОРА РАБОТИЛНИЦА ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ПОДДРШКА НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ
Дата
February 14, 2018
Категорија
ВестиВчера во Ресторан Шампион беше одржана работилница во организација на Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип со претставници на oпштина Радовиш, и граѓанските здруженија од Радовиш, со цел развивање методологија за распределба на средства од општинскиот буџет за поддршка на здруженија.
Работилницата беше втора во циклусот од три работилници преку кои се планира да се заокружи процесот на развивање на методологијата за потоа истата да се предложи до Советот на општината за усвојување.
Овие активности се дел од проектот „Силни граѓански организации за позитивни општествени промени„ поддржан од ЕУ (IPA Civil Society Facility and Media Programme 2015) кој го имплементира Фондацијата за развој на локалната заедница Штип во соработка со партнерите Центар за оддржлив развој – Алка Скопје и Институт за развој на заедницата Тетово.