If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ГОСТИТЕ ВОСХИТЕНИ ОД МАНИФЕСТАЦИЈАТА „САМУН ЕМ ТАТЛИЈА“
9264
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-9264,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ГОСТИТЕ ВОСХИТЕНИ ОД МАНИФЕСТАЦИЈАТА „САМУН ЕМ ТАТЛИЈА“

Дата

October 19, 2014

Категорија

Вести, Култура

Радовиш три дена беше центар на гурманите славејќи го празникот на убавата храна посветен на радовишкиот самун и татлија. Со повеќе од 50 000 посетители и исто толку продадени сaмуни, Радовиш уште еднаш се претстави како град достоен за секој предизвик.

Градот одамна не бил толку полн, радовишани  и гостите одамна не се така добро забавувале a секако не изостана и економскиот бенефит.

Организација на ниво – чиста десетка. Градоначалникот Николов и општина Радовиш и овој пат како одлични  домаќини понудија прекрасна тродневна претстава задоволувајки ги вкусовите и на најпребирливите музички критичари.

 

Петокот за забавните рефрени, неделата за македонските фолк звезди и шлагот на манифестацијата  сабота вечер и легендарните Хари Мата Хари. Музиката одлична а за храната несакаме и да зборуваме. Гостите презадоволни од пробаните  специјалитети радовишкиот Самун и убавата татлија.

 

Радовиш три дена пулсираше во Ритамот на „Самун ем Татлија“ и во трите денови плоштадот Св. „Спасо Радовишки“ и угостителските штандови беа преполни и секокаш се бараше столче повеке.

 

Прекрасната Елена Ристеска, домашните фолк звезди Јордан Митев и  Ванчо Тарабунов како и голем број на нивни  колеги и колешки од фолк естрадата, како Сузана Спасовска, Елена Велеска, Соња Тарчуловска и неповторливите Уска кан им приредија вистинско шоу на радовишани и нивните гости, а главниот настан концертот на безвременските Хари Мата Хари беше нешто што долго ке се раскажува не само во Радовиш туку и во сите места и  градови од каде што имаше гости. Преполнетитот плоштад повеќе од два часа уживаше во еден глас сo легендарниот Хари Варошановик пеејќи ги вечните  хитови на оваа мега популарна поп група.

 

Радовишани не го криеја задоволството што и оваа година градоначалникот Сашко Николов и општина Радовиш им овозможија да уживаат во еден прекрасен викенд а посетителите импресионирани од добрата забава и вкусните сомун и татлија нестрпливо ќе ја чекаат следната манифестација.

 

Одлуката ланскиот еден ден да се замени со три дена се покажа како полн погодок.