If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ЗА ИЗГРАДБА НА НОВИ КАНАЛИЗАЦИОНИ МРЕЖИ
7701
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-7701,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ЗА ИЗГРАДБА НА НОВИ КАНАЛИЗАЦИОНИ МРЕЖИ

Категорија

Тековни Проекти

Општина Радовиш продолжува со интензивните градежни активности за изградба на нови фекални канализациони мрежи.

Имено, во моментов, екипи на фирмата изведувач на работите „Пешо инженеринг“ од Струмица, изведуваат активности за изградба на нова фекална канализациона мрежа во населено место Раклиш.

 

Вкупната должина на фекалната канализациона мрежa изнесува 600m со почетна стационажа од месноста „Текенлк“, продолжувајќи по течението на река Марлада до мостот на регионалниот пат кон Р-605, и еден секундарен крак со должина од 80m. Реализацијата на проектот предвидува изградба на ПВЦ цевки со профили од Ф250mm и Ф300mm, класа SN8 и 16 ревизиони шахти на фекалната канализација.

 

Реализацијата на овој проект, за кој општина Радовиш од својот буџет извои 1.350.000 денари, ќе овозможи поврзување на изградените објекти од овој потег на населба Раклиш.
Според предвидената динамика на изведувачот на работите изградбата на фекалната канализациона мрежа ќе заврши до крајот на наредната недела.