ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ НА ВТОРАТА КОЛОВОЗНА ЛЕНТА НА БУЛЕВАРОТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
Дата
June 03, 2020
Категорија
ВестиОпштина Радовиш ги известува сите учесници во сообраќајот дека од денес (03.06.2020 год.) ќе се изведуваат градежни активности на втората коловозна лента на булеварот Александар Македонски.
Се молат граѓаните да не паркираат на делот каде што се одвиваат градежните активности и да ги отстранат паркираните возила, со цел непречено да се реализираат предвидените активности.