ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕРАСИМ КОНЗУЛОВ ДЕНЕС ОДРЖА ПРИЕМ НА ЛИЦАТА КОИ ГО ФАТИЈА КРСТОТ НА ВОДИЦИ
Дата
January 22, 2019
Категорија
ВестиГрадоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов, денес одржа прием на лицатa кои за празникот Богојавление – Водици ги фатија светиот крст по населените места во општина Радовиш.
Мартин Глигоров (Раклиш), Томе Козовски (Ораовица), Мартин Филевски (Подареш), Мите Маринков (Јаргулица), Драган Златков (Покрајчево), Добре Стојанов (Злеово), Серафимче Стојанов (Калугерица).
На овој прием од страна на Градоначалникот беа доделени подароци.
На крајот, Градоначалникот на сите им посака многу здравје, среќа и бериќет ним и на нивните семејства.