ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САШКО НИКОЛОВ НА СРЕДБА СО ЖИТЕЛИТЕ ОД БУЧИМ, СОПУРГЕ, ПАРНАЛИЈА И ТОПОЛНИЦА
Дата
October 12, 2014
Категорија
ВестиПродолжува агендата на Градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов за посета по наслеените места и средби со граѓаните.
Во рамките на оваа агенда Градоначалникот Николов во придружба на своите соработници, како и со членовите на Советот на општина Радовиш викендов ги посетија населените места Бучим, Сопурге, Парналија и Тополница во кои живее претежно население од турска национална припадност.
Најпрвин Градоначалникот Николов го посети село Бучим каде што го проследи натпреварот од општинската фудбалска лига помеѓу домаќинот ФК Бунарџик и гостите од Ораовица ФК Изведен. Подоцна тој имаше средба со жителите од оваа село разговарајки за проблемите кои ги имаат овие граѓани.
Градоначалникот Сашко Николов исто така ги посети и населените места Сопурге, Парналија и Тополница каде што беа отворени голем број на теми за разговор и дебатирање. Жителите со свои прашања и одговори од страна на Градоначаникот се запознаа со инфраструктурните проекти кои допрво се предвидени и треба да се реализираат во овие населени места.
Во наредниот период Градоначалникот Сашко Николов ќе оствари посета и средба со граѓаните од сите населени места во општина Радовиш.