ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОНЗУЛОВ ИМАШЕ ПРИЕМ НА ДЕЛЕГАЦИИТЕ ОД ПРИЈАТЕЛСКИТЕ ОПШТИНИ И ГРАДОВИ НА ОПШТИНА РАДОВИШ
Дата
October 13, 2018
Категорија
ВестиПосакувајки им пријатен престој во Радовиш, Градоначалникот Конзулов искажа благодарност до сите делегации за присуството на овогодишната манифестација „Самун ем Татлија“ искажувајки искрена желба за продолжување и продлабочување на пријателството во сите области.
Исто така беше претставена кратка презентација и видео за нашата општина, а поздравно обраќање имаа и претставници од делегациите на Запрудња од Руската федерација, Ергене од Турција, Велика Плана од Србија, Белишче од Хрватска и Васлуј од Романија.
Потоа делегациите заедно со Градоначалникот Конзулов го посетија Храмот Св. Троица и манастирскиот комплекс Св. Георѓи во Ораовица.
Фото Галерија