ГРИЖАТА ЗА НАЈМАЛИТЕ ВРВЕН ПРИОРИТЕТ ЗА ОПШТИНА РАДОВИШ
Дата
September 03, 2014
Категорија
ВестиГрижата за најмалите е еден од главните приоритети на градоначалникот на општина Радовиш г-дин Сашко Николов па не случајно во неговиот мандат од буџетот на општина Радовиш постојано се оддвојуваат значителни суми за поправка, реконструкција реновирање и усовременување на градинките во општината.
Денешниот ден градоначалникот Николов го искористи за посета и контрола на детските градинки во Радовиш истовремено користејки ја приликата и за дружење со најмалите. При посетата Градоначалникот изрази задоволство од сето она што директорката г-ѓа Љупка Тренчева го име превземено за подобрување на условите во сите три згради на Детска градинка Ацо Караманов.
Најмалите наши сограѓани пријатно го изненадија градоначалникот приредувајки му мало изненадување и му поклонија лично изработена честитка како благодарност за неговата посветеност за подобрување на стандардот на градинките.
Од своја страна градоначалникот Николов изрази голема благодарност ветувајки нови инвестиции во детските установи.