ГРИЖЛИВО ГО УРЕДУВАМЕ СЕКОЈ ДЕЛ ВО ОПШТИНА РАДОВИШ
Дата
December 18, 2014
Категорија
Вести, Тековни ПроектиДека во општина Радовиш се води сметка и грижа за секој дел покажува и сликата која може да се види деновиве во населба Раклиш.
Населбата е претворена во градилиште, внимателно и стручно се уредуваат тротоарите со бекатон плочки кој покрај естетскиот изглед во голема мера ќе придонесат и за зголемување на безбедноста во сообраќајот и на пешаците и останатите граѓани на Раклиш.
Паралелно со уредувањето на улиците и тротоарите активно се работи и веке е санирана и мрежата и цевководот кој жешката вода од изворите ја носат до парк-чешмата во населбата. Во изминатиот период поради дотраеност на цевководот се случуваа голем број на дефекти кој знаеја да направат и поголеми штети како на асфалтот и асфалтниот пат така и на останатиот дел од населба Раклиш, сега со новата мрежа тоа ке биде минато.
Од општина Радовиш велат дека овде нема да застанат со инвестициите во Раклиш. Во перспектива е и изградба на улица во населбата како и уредување на парк за жителите на населба Раклиш.