ДАДЕНИОТ ЗБОР Е НАША СВЕТОСТ
Дата
December 22, 2014
Категорија
Вести, Реализирани Проекти, Тековни ПроектиКако што ветија на граѓаните на општина Радовиш пред скоро две години дека нивната предизборна програма нема да биде само букви на хартија туку реално остварливи проекти, така и направија. Грижата за нашите најмили им беше еден од приоритетите во Програмата, и за таа цел ветија десетина детски катчиња на територијата на општина Радовиш.
Безмалку на половината од мандатот Градоначалникот Сашко Николов и неговите соработници упорно работејки на реализација на ветената програма изградија повеќе детски игралишта и паркови – како во градот така и во населените места.
Парковите се уредени и изградени по сите најсовремени стандарди за детски паркови и изобилуваат со модерни играчки и содржини кој им го разубавуваат и разигруваат детството на нашите најмили, а воедно се опремени и со модерни клупички на кои се одмараат и уживаат возрасните.
Детската смеа и џагор посебно се изразени во летниот период кога и временските услови се иделани за игра и забава.
Во целост се изградија и уредија детските катчиња т.н. Марди, Цветови, Липа и детскиот парк во Ињево, а во завршна фаза се парковите во Воиславци, Раклиш, Калуѓерица и паркот во 3 УЗ во Радовиш.
Овие и многу други реализирани проекти, како и проектите кои се во завршна фаза на реализација на Градоначалникот Николов и неговиот тим на соработници, заслужено му го даваат правото да се наречат Луѓе од збор, и да бидат горди на сработеното во досегашниот мандат.