If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ИЗГРАДБАТА НА УЛИЦАТА „ДАНЕ ТРАЈКОВ“ ВО ЗАВРШНА РЕАЛИЗАЦИЈА
10670
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-10670,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ИЗГРАДБАТА НА УЛИЦАТА „ДАНЕ ТРАЈКОВ“ ВО ЗАВРШНА РЕАЛИЗАЦИЈА

Дата

July 10, 2015

Категорија

Вести, Реализирани Проекти

Денес е при крај реализацијата на уште еден проект за кој што на жителите од петата месна заедница
односно на жителите што живеат и гравитираат околу улицата Дане Трајков, од страна на
градоначалникот Сашко Николов им беше ветено дека ќе се реши.
Решавањето на овој проблем што се провлекува со години наназад, а можеби и децении како што вели
градоначалникот, беше многу тешко, како во делот на експропријацијата така и во делот на другите
пропратни документации кои беа потребни да се комплетираат за да може да се започне со реализација
на проектот. Градоначалникот истакна дека и покрај сите проблеми и препреки општината останала до
крај силно на својот став да го заврши проектот до крај.

 
Проектот е целосно изготвен од службите на општина Радовиш. Станува збор за инвестиција во делот на
атмосверската канализација, во делот на фекалната канализација, како и пробивање и асфалтирање на
самата улица, а во најскоро време ќе бидат завршени и тротоарските површини за да улицата биде
целосно завршена и да го добие својот конечен изглед како што е според проектот.
Улицата е со широчина од 5 метри и тротоарски површини од лева и десна страна од по 1,5 метар.
Градоначалникот Сашко Николов истакна дека иако температурите се екстремно високи во овој период
од годината, сепак општината интензивно работи на програмата ветена пред граѓаните, па така
истовремено се работи на повеќе од 10 проекти во општината кои се во завршна фаза, а наскоро ќе се
започне и со останатите проекти планирани за периодот што следува.
Моментално се работи на асфалтирање на повеќе улици во Јаргулица, Раклиш, Ораовица, припрема на
улицата Корчо Маале, Браќа Миладинови, поплочување на повеќе улици како Коџа Баир и во Сурдулци, во
Ораовица во моментот се работи на поплочување на 4-5 улици, исто се работи и во селата Бучим,
Калузлија, Подареш и Злеово каде во завршна фаза е изградбата на детските рекреативни катчиња,
улицата во четврта месна заедница и многу други проекти што се при крај.

 

Дел од проектите што ќе започнат со реализација во периодот што следува се ставање камен темелник
на мултифункционално игралиште во Ораовица, довршување на изградбата на фекална канализациона
мрежа во Ињево и во Покрајчево, започнување изградба на мултифункционално игралиште во Тополница и др.

 

 

Градоначалникот најави и дека на барање на граѓаните од 5-тата месна заедница се разгледува и се
планира проект за изградба на детско катче во близина на улицата Дане Трајков, но поради решавање на
проблеми со експропријација и изготвување на потребната документација тоа ќе оди со забавено темпо.