ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ЗБРАТИМЕНИОТ ТЕТЕВЕН И АМБАСАДОРОТ НА Р. БУГАРИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА РАДОВИШ
Дата
June 18, 2019
Категорија
ВестиГрадоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов оствари средба со амбасадорот на Република Бугарија, Н.Е. Ангел Ангелов и делегација од Општина Тетевен предводена од градоначалничката д-р Мадлена Бојаџиева.
На средбата на која присуствуваа пратеничката Милева Ѓорѓиева, претседателот на Советот, Коле Чаракчиев секретарот на Општината, Драги Стојанов и советникот, Бојан Митевски се разговараше за унапредување на меѓуопштинската соработка преку заедничко аплицирање на европски проекти.
Во фокус на разговорите беше одобрениот проектот „ Заедно создаваме подобра иднина” од програмата Европа за граѓаните. Инаку, проектот е со вкупна вредност од 22,175 евра и сите активности поврзани со него ќе се одржат на територијата на општина Тетевен во периодот од 18 до 21.07.2019 година.
Во активностите се предвидува да учествуваат вкупно 370 луѓе, претставници од двете општини во сферите на: младинските организации, образованието, културата и бизнис заедницата.