„ДЕН НА ДРВОТО 2015“ – СЛЕДНАТА СРЕДА ЌЕ САДИМЕ ДРВЦА
Дата
November 24, 2015
Категорија
ИзвестувањеВладата на Република Македонија на донесе одлука следната среда (2-ри декември) да се одржи традиционална акција “Ден на дрвото”.
Три милиони садници на површина поголема од илјада хектари ќе бидат засадени во рамките на 16 -тиот по ред Ден на дрвото.
Годинешното мото „Засади успех“ се однесува на сите досега реализирани акции, во кои процентот на зафатеност на засадените дрва изнесува 60 отсто, што според организаторите е импресивна бројка и за европски рамки.
Истиот ден ќе биде неработен за сите граѓани на Република Македонија, а дополнително ќе биде утврден денот кога ќе се одработува овој ден.