ЕСКО МОДЕЛ: ОПШТИНА РАДОВИШ ДОБИВА НОВО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ СО МОДЕРНИ ЛЕД СВЕТИЛКИ
Дата
July 31, 2020
Категорија
ВестиПотпишан договорот за јавно-приватно парнетнерство помеѓу Општината и фирмата Интеренерго
Денес, 31.07.2020, градоначалникот Герасим Конзулов и директорот на фирмата „ИНТЕРЕНЕРГО“ ДООЕЛ- Зоран Трпески потпишаа Договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за давање на енергетски услуги на јавно осветлување по ЕСКО модел.
Станува збор за проект во вредност од 1.6 милиони евра поддржан од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) кој ќе се изведува по ЕСКО модел на јавно-приватно партнерство.
ЕСКО моделот предвидува развој, изведба и финансирање на проектот со цел да се подобри енергетската ефикасност и намалат трошоците за електрична енергија и одржување.
Оптлатата на инвестицијата ќе се врши исклучиво преку оставрената заштеда на енергија во следните осум години при што Општината нема да има дополнителни трошоци и оптоварување на општинскио буџет.