ДОДЕЛЕНИ НОВИ РЕШЕНИЈА ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА
Дата
June 10, 2015
Категорија
ВестиДенеска Градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов додели нови решенија за легализација на граѓани од нашата општина.
Процесот на легализација продолжува и веќе по традиција градоначалникот на општината секој месец ги доделува дел од подготвените решенија за легализација.
Според динамиката со која се одвива овој процес во општина Радовиш можеме да бидеме задоволни и ние како општина, а и граѓаните кои имаат поднесено барања за издавање на решение за легализација на објект или дел од објект-рече градоначалникот Николов.