Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ ЗА ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА
12557
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-12557,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ ЗА ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА

Дата

March 31, 2017

Категорија

Вести, Спорт

Вчера, 30.03.2017 год. (Четврток) во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт од Радовиш и Федерацијата на училишен спорт на Република Македонија а со поддршка на Градоначалникот на општина Радовиш, во СРЦ 25 Мај беше одржано Државното првенство во борење за Основните општински училишта.

 

На државното првенство, учество земаа повеќе од 150 спортисти-борачи од Основните училишта во Република Македонија и предизвикаа огромен инетрес кај љубителите на борењето во општина Радовиш.

 

Државното првенство свечено беше отворено од Градоначалникот Сашко Николов а на истото беа пристни и Претседателот на Федерацијата на училишен спорт на Република Македонија Г-дин Александар Туфекчиевски, Претседателот и заменик Претседателот на федерацијата на боречки спортови на Македонија Г-дин Бетим Вренези и Г-дин Дејан Богданов како и спортскиот директор Г-дин Страшо Глигоров.

 

Во однос на резултатите на нашите борачи, беа постигнати следните успеси:
1-во место категорија 85 кг. – Никола Атанасов
2-ро место категорија 53 кг. – Стефан Димитров
2-ро место категорија 59 кг. – Зоран Ристов
2-ро место категорија +85 кг. – Ѓорги Калајџиев
3-то место категорија 35 кг. – Елвин Салиев
3-то место категорија 38 кг. – Мите Јосифов
3-то место категорија 66 кг. – Мартин Костадинов
3-то место категорија 66 кг. – Дарко Тодоров
3-то место категорија 85 кг. – Даниел Петров
3-то место категорија +85 кг. – Волкан Амедов

 

Се надеваме дека во иднина се повеќе ќе се гордееме на домашни но и на меѓународни успеси на нашите млади таленти-борачи од општина Радовиш.