ВО РАДОВИШ УТРЕ ЕДНОДНЕВЕН НАСТАН ПРОПРАТЕН СО НЕКОЛКУ РАЗЛИЧНИ СОДРЖИНИ
Дата
May 29, 2019
Категорија
Вести, ИзвестувањеУтре 30.05.2019 година (Четврток), општина Радовиш во соработка со канцеларијата на Европската делегација во Скопје, канцеларијата на УСАИД во Скопје, како и СОУ Коста Сусинов и општинските основни училишта, организираат прекрасен еднодневен настан пропратен со неколку различни содржини.
Програмата која ќе се одвива во дворот и просториите на СОУ Коста Сусинов, најпрво ќе започне со пристигнувањето на ЕУ АВТОБУСОТ, а веднаш потоа ќе биде отворен и традиционалниот „УЧИЛИШЕН НАУЧЕН САЕМ“.
Потоа ќе следуваат СПОРТСКИ ИГРИ на повеќенаменското игралиште како и проектите „ВЕЛО РОДЕО“ и „ЗА ЧИСТО КАКО ДОМА ИСТО“.
Настанот ќе биде збогатен и со присуството на Амбасадорите на: Р.Бугарија во Македонија, неговата екселенција Г-дин Ангел Ангелов, на Р.Италија, неговата екселенција Г-дин Карло Ромео и Директорот на УСАИД во Македонија, Г-дин Едвард Гонзалес.