ЕКО АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ПЛАНИНАТА ПЛАЧКОВИЦА
Дата
August 14, 2019
Категорија
ВестиСо цел за зачувување на животната средина и намалување на загадувањето, во организација на градоначалникот на Општина Радовиш и ЈКП „Плаваја“, во неделета на 11-ти август 2019 година се реализираше акција за чистење на комунален отпад од викендиците на планината Плачковица и мали депонии од комунален отпад кај „Шумската куќичка“ и во пошироката околината кај што се лоцирани планинарскиот дом „Џумаја“, мото клубот „Џинка“ и хотелот „Бел Камен“.
Благодарност до сите сопственици на викендици и до сите граѓани коишто самоиницијативно се вклучија во оваа акција за чистење, а со самото тоа придонесоа за почиста и подобра животна средина.