If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ЗАВРШЕНА ИЗГРАДБАТА НА КАНАЛИЗАЦИЈАТА ВО ПОКРАЈЧЕВО И ИЊЕВО
11168
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-11168,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ЗАВРШЕНА ИЗГРАДБАТА НА КАНАЛИЗАЦИЈАТА ВО ПОКРАЈЧЕВО И ИЊЕВО

Дата

November 19, 2015

Категорија

Вести

Целосно се завршени проектите за изградба на канализациона мрежа во Покрајчево и Ињево, а деновиве се очекува да започнат работите околу изградбата на улиците во Ињево

 

Деновиве завршија со изградба проектите со кои беше изградена дел од канализациона мрежа во населено место Покрајчево во должина од 625 метри, каде што со овој  зафат  целосно  е изградена и комплетирана канализационата мрежа во село Покрајчево. Во исто време во тек беше и изградбата на дел од канализациона мрежа во должина од 1.187 метри во Ињево. Изведувач на двата проекти беше „Пешо Инженеринг“ Струмица, а надзорен орган е Градежен институт „Македонија“. Инвестицијата е од буџетот на општина Радовиш во вредност од  2.834.850 денари.

 

,,Јас сум презадоволен од реализацијата на програмите кои се усвоени од Советот на општината, и во изминативе две години успеваме да инвестираме во рамномерен рурален развој на територијата на целата општина, што е многу значајно да ги доближиме урбаните до руралните заедници како би создале еднакви услови за живеење на сите наши граѓани“ со овие два проекти се решија децениските проблеми со кои се соочуваа жителите од овие две населени места – истакна Градоначалникот Сашко Николов.

 

Инаку во населеното место Ињево деновиве очекуваме да започне изградбата на две улици во должина од 1500м, -улица „1“ и улица „19“. Улиците се дел од локалната мрежа на ова населено место, а се со ширина од шест метри плус тротоарска површина од двете страни на улицата. Вкупната вредност на овие проекти е околу 26 милиони денари.