ЗАВРШИ САНИРАЊЕТО НА ШТЕТИТЕ НА УЛИЦИТЕ ВО НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА
Дата
June 05, 2019
Категорија
ВестиНевремето што ја зафати општина Радовиш во втората половина на месец мај, предизвика оштетување на дел од уличната мрежа во населените места: Воиславци, Сулдурци и Калуѓерица.
Општина Радовиш, согласно своите овластувања спроведе оперативни активности за санација на штети,во урбаната средина и дел од полските патишта.
Паралелно со изведувањето на градежни работи, врз основа на поднесени пријави за претрпени штети, теренски активности спроведе и Комисијата за елементарни непогоди за Општина Радовиш.