ЗАВРШНА ПРОГРАМА ОД МАНИФЕСТАЦИЈАТА „СВ.СПАСО РАДОВИШКИ“
Дата
August 22, 2019
Категорија
Вести, КултураВо текот на вчерашниот ден во организација на Центарот за култура „Ацо Караманов“ беа одржани два прекрасни настани
Најпрво во 19:30 час. во соработка со Друштвото на ликовни уметници „РАДА ДЛУР“ беше отворена ликовната изложба од меѓународната ликовна колонија „Св.Георгија 2019“ на која беа изложени прекрасни слики.
Веднаш потоа со почеток во 20:30 час. на плоштадот „Св.Спасо Радовишки“ се одржа традиционалниот фестивал на староградски песни „Саноќ седам“ на кој покрај домаќините, вокално-инструменталниот состав „Распеани Радовишани“ учествуваа ансамбли и оркестри од општините Струмица, Штип, Гевгелија, Валандово и Велес, како и вокално-инструменталната група „Еделвајс“ од Ќустендил, Р.Бугарија.