ЗАВРШНА СЕСИЈА ОД „ФОРУМ НА ЗАЕДНИЦИТЕ“
Дата
October 03, 2015
Категорија
ВестиВо петокот беше одржана завршната последна форумска сесија од „Форуми на заедниците-буџетски форум“, која ја спроведуваше Општина Радовиш со подршка на Швајцарската агенција за подршка и развој.
Овој циклус форумските сесии од „Форумот на заедниците-буџетски форум“ беа разгледувани повеќе теми: комуналните дејности, урбанистичко планирање, животна средина, образование и др.
Градоначалникот на општина Радовиш ги презентираше поголемиот дел од буџетските програми, која предизвика голем интерес кај присутните граѓани во изминатите сесии.
На оваа завршна форумска сесија беа прикажани резултатите од реализираните и избрани проекти преку процесот на граѓанско учество во одлуките и преку процесот на буџетски форум.
За потсетување во претходните пет сесии граѓаните на нашата општина определија повеќе приоритети каде што преку презентации беа презентирани резултатите.