ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ВОЈНИЦИТЕ !
Дата
June 26, 2019
Категорија
ВестиДенес граѓаните на Радовиш имаа можност преку директна комуникација со припадниците на нашата Армија и Армијата на САД поблиску да се запознаат со дел од опремата која се користи во воената вежба „Одлучен Удар“.
Опремата беше изложена пред ОУ Центар за култура „Ацо Караманов“ во периодот од 10 до 13 часот како дел од активностите на цивилно воената соработка која се остварува во склоп на најголемата до сега воена вежба кај нас.
Со опремата имаше можност да се запознае и градоначалникот Герасим Конзулов кој оставри среба со претставнците на нашата Армија и Армијата на САД. „Одлучен удар“ е досега е најголема вежба која ја организира нашата армија на која учествуваат околу 2.700 војници од армии на уште пет сојузници – САД, Литванија, Албанија, Бугарија и Црна Гора.