ЗАПОЧНАА РАБОТИТЕ НА КУЛТУРНИОТ ДОМ ВО ОРАОВИЦА
Дата
December 24, 2014
Категорија
Вести, Тековни ПроектиГрадоначалникот на Општина Радовиш, Сашко Николов, во придружба на стручни соработници го посети Културниот дом во с.Ораовица.
Николов нагласи дека интензивно се работи на темелна реконструкција и адаптација на објектот од културата во центар за деца, младинци и пензионери, односно мултифункционален центар чија инвестициска вредност изнесува 12.620.285,00 денари.
Реконструкцијата предвидува комплетно зајакнување на конструкцијата за сеизмичка стабилност на објектот, внатрешно уредување на просториите со модерни материјали, изработка на целосно нова фасада со термоизолација, замена на дотраената дрвена со нова столарија од ПВЦ и демонтажа на постоечката со нова кровната конструкција и покривка.
Со реализацијата на проектот ќе бидат ставени во функција: компјутерски центар со 15 модерни персонални компјутери и сервер, просторија за пензионери, детски центар со кујна, простор за деловна намена, просторија за состаноци и презентации, како и 6 канцеларии за потребите на месната заедница.
Во предизборната Програма на Градоначалникот на Општина Радовиш, Сашко Николов, опфатени беа голем број на проекти. Најголем дел од нив веќе се реализирани или се во завршна фаза. Овој проект во с.Ораовица е доказ дека во Општина Радовиш се работи максимално посветено за потребите на своите граѓани.