ЗАПОЧНА ДА СЕ РЕАЛИЗИРА ПРОЕКТОТ „ХУМАНОСТА НАШ ПРЕДИЗВИК“
Дата
June 09, 2015
Категорија
Вести, Тековни Проекти
Средба со лицата ангажирани за спроведување на Проектот ,,Хуманоста наш предизвик“
,,Хуманоста наш предизвик“-проект кој ќе се реализира во текот на следните шест месеци по програмата „Општинско-корисна работа“ има за цел да овозможи социјално вклучување на невработени лица преку нивно ангажирање на определено скратено работно време, заради стекнување на одредени вештини и постепено вклучување на пазар на труд.
Програмата, подржана од УНДП, Агенција за вработување на Република Македонија и Министерството за труд и социјална политика, исто така, има за цел преку обезбедување на услуги од социјални сфера треба да помогне на лица кои живеат на територијата на општина Радовиш.
Улогата на невработените лица кои земаат учество во овој проект е голема како и за корисниците кои ги користат услугите односно им пружаат дневна грижа, здравствена заштита, медицински совет и помош, вклучување во спортски активности, изучување на работни вештини.
,,Од вас како вклучени лица во програмата очекувам посветеност во работата и максимална ангажираност кон сите превземени обврски со договорот потпишан со општината, за оние кои прв пат се вклучуваат сакам да нагласам, дека ова е трета програма по ред во која учествуваме како општина и тоа со најголем број на ангажирани невработени лица и најголем број налица опфатени со програмата на ниво на Република, и тоа благодарение на двете претходно добро спроведени програми од Општинско-корисна работа.,,-рече градоначалникот Сашко Николов.
Убеден сум дека и овој проект ќе го спроведеме успешно и ќе си создадеме можности и добра основа за рееализација на идни вакви проекти од областа на социјалата.