ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА “ТИРЗ” ЗОНАТА ВО РАДОВИШ
Дата
August 01, 2014
Категорија
Вести, Тековни ПроектиВо Радовиш денес започна изградба на новата технолошка индустриска развојна зона – ТИРЗ Радовиш која е во површина од 9.75 хектари.
Ние пред изборите дадовме едно ветуување, тоа ветување беше дека овде во Радовиш ќе започне и ке се изгради ТИРЗ зона – еве денес сме овде и ја почнуваме изградбата на оваа технолошко индустриска зона, тоа што го ветивме и го реализираме.Во текот на месецов треба да биде поставен камен темелник и за изградба на ТИРЗ Струга, а во тек е тендер за избор на компанија која ќе ги изврши градежните активности за изградба на ТИРЗ Ранковце. Владата донесе одлука и за основање технолошко индустриски развојни зони во Берово, Делчево и во Виница, со тоа се заокружуваат 14 од 15-те предвидени ТИРЗ од Програмата за работа на Владата на Република Македонија – истакна премиерот г-дин. Никола Груевски.
Во предвечерието на најголемиот македонски празник Илинден, на огромно задоволство на сите нас по само една година од добивањето на мандатот, денес отпочнуваме со реализација на најголемиот, најзначајниот и најпотребниот проект за Радовиш – ја отпочнуваме изградба на технолошко-индустриска развојна зона ,каде ќе се сместат нови инвеститори и ќе бидат отворени нови работни места. Овој наш сон стана реалност благодарение на визијата, посветеноста и пожртвуваноста на Владата на Република Македонија предводена од Премиерот Никола Груевски. Затоа почитуван премиер, во името на сите мои сограѓани Ви искажувам огромна благодарност. Со овој проект ја вративме надежта кај секој граѓанин на Радовиш, за поквалитетен и попросперитетен живот -истакна Градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов.