ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА УЛИЦАTA ВО ПОКРАЈЧЕВО
Општина Радовиш продолжува со реализација на ветените проекти
Општина Радовиш и во овие жешки денови продолжува со реализација на зацртаните проекти со што секојдневно ги подобрува условите за живот на своите граѓани.
Во тек е пробивање и асфалтирање на улица во село Покрајчево. Улицата е во должина од 230 метри, широка е 3,5 метри, според очекувањата на Градоначалникот Николов улицата би требало да биде завршена најкасно за шеесет денови бидејки фирмата изведувач е ставена во работа и се создадени сите услови за непречена реализација на истата.
Кога сме кај селото Покрајчево во текот на овие денови ќе се започне со реализација и на други проекти како што се уште една улица која е во проектна фаза, како и завршната фаза на училишната зграда која би требало да биде пуштена во употреба на почетокот на новата учебна година.
Средствата за изградба на двете улица изнесуваат некаде околу седум до осум милиони денари и се обезбедени од буџетот на општина Радовиш, додека за изградба на училишната зграда се обезбедени пет милиони денари исто така од буџетот на општина Радовиш.
Дата
June 21, 2016