ЗАПОЧНА ОВОГОДИШНИОТ „САЕМ НА КНИГАТА“ ВО РАДОВИШ
Дата
November 12, 2018
Категорија
Вести, КултураВо рамките на одбележувањето на Месецот на книгата, Општинската народна библиотека ,,Браќа Миладиновци” – Радовиш од 12-16 Ноември го организира традиционалниот есенски петдневен продажен ,,Саем на книгата 2018”.
Во присуство на поголем број љубители на книгата и заинтересирани граѓани денес на првиот ден од овој саем, со мала свеченост на отварањето во име на општина Радовиш поздравно обраќање имаше Секретарот на општина Радовиш Драги Стојанов, кој истакна дека преку овој „Саем на книгата“ пишуваниот збор е поблиску до љубителите на книгата во нашиот град, каде што можат да ги видат најновите наслови и директната понуда на книги од белетристика, детска литература и сликовници.
Продажниот саем на книгата по единаесети пат се одржува во Радовиш.