If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ЗАПОЧНУВА ПРОЕКТОТ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА ООУ „ОРЦЕ НИКОЛОВ“
14666
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-14666,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ЗАПОЧНУВА ПРОЕКТОТ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА ООУ „ОРЦЕ НИКОЛОВ“

Дата

July 20, 2018

Категорија

Вести, Тековни Проекти

Започнува реализацијата на инплементација на мерки за енергетска ефикасност во ООУ„Орце Николов“ Ињево

 

Вчера во општина Валандово се одржа работна средба на проектните партнери вклучени во проектот “3Еm“, на кој присуствуваа претставници од општините Серес, Радовиш, Валандово, како и партнерите од музичкиот конзерваториум од Грција и претставници од ЦЕРТ.
Со отпочнувањето на реализацијата на заедничкиот проект за имплементација на мерки за енергетска ефикасност во нашата општина Радовиш ќе започне и еден процес кој директно кумулативно ќе влијае врз животната средина и врз удобноста и животниот стандард на нашите граѓани, особено на учениците и наставниот кадар во основното училиште „Орце Николов“ село Ињево.

 

Енергетската ефикасност е поим под кој се подразбира намалување на потребите за енергија без нарушување на комфорот на живеење или работа, без попречување на економскиот и општествениот развој, но и без нарушување на животната средина. Ова без исклучок важи за сите сектори на модерното живеење.

Со овој проект развиваме целосно функционален систем за енергетска ефикасност во основното училиште „Орце Николов“ Ињево при што даваме пример како е потребно да се воведуваат овие стандарди на другите општини, училишта и јавни институции во прекуграничниот регион.

 

Ќе се постигне:
-подобрена енергетска ефикасност на реконструираните јавни згради во општините Валандово, Радовиш, Серес и Флорина за 30%;
-намалени емисии на стакленички гасови (СО2) од реконструираните јавни згради за 5%;
-подобрување на капацитетот на општинската администрација во промовирањето на енергетската ефикасност и употребата на обновливи извори на енергија;
-зголемена свест кај локалното население за придобивките од подобрувањето на енергетската ефикаснот на јавната инфраструктура преку промотивни активности;
-замена на традиционалните необновливи и загадувачки извори на енергија со поеколошки и обновливи извори;
-подобрени услови за работа на градинките што води до создавање на нови групи за згрижување на деца.

 

Проектот е финансиран од ЕУ преку “ИПА фондовите”. Вкупниот буџет на проектот изнесува 1.419.375.80 евра, додека вкупниот буџет на општина Радовиш како партнер, изнесува 288.520.00 евра. Периодот на имплементација е дваесет месеци, започнувајќи од 22.06.2018 г., датум на потпишување на договорот.